“ACROSS – подмладување преку спорт”

Проектот „ACROSS – Growing Young Through Sport“ го спроведува Move It (Грција) како организација координатор, заедно со НВО Libero (Србија) и Идеjа Центар (С. Македонија) и спортските клубови AC Panorama (Грција), GroBasket (Србија) и П.К. Алекс-Делфини (С. Македонија).

Нашата Главна Цел

Целта на проектот „ACROSS“ е да го промовира спортот како средство за меѓугенерациски дијалог и да го поттикне меѓугенерациско разбирање и доживотното учење преку спорт.

Нашите Цели

Луѓето можат да се поврзат преку спорт не само преку комуницирање и размена на зборови. Спортот и физичката активност придонесуваат за раздвижување на нашите тела и предизвикуваат физиолошки и емоционални одговори кои доколку се насочиме само кон вербална размена би останале неактивни. Така, спортот е идеален за поврзување на луѓе од различно потекло, култури или во овој случај возрасти.

Спортот

Овој дијалог е многу олеснет преку спортски активности, поради што им придаваме големо значење на спортските активности меѓу генерациите.

Водич

Водичот ACROSS е унифициран водич за тоа како да се спроведат ефективни спортски активности меѓу генерациите – нешто што може да не одведе од чекор А-Ш. Ќе ве водиме полека низ секој чекор од процесот и низ различни сценарија за да можете да го најдете она што најдобро одговара на вас и на вашите учесници! Овој адаптиран водич ќе ви овозможи да ги следите методите чекор по чекор, за да се осигурате дека возрасните генерации се социјализирани и како такви ќе го поттикнат меѓугенерациското разбирање и доживотното учење преку спортот.

ИСТРАЖУВАЊЕ

Се чини дека меѓугенерациските спортови се „неоткриени води“ дури и во наше време.

Поради оваа причина, решивме да спроведеме и квантитативно и квалитативно истражување насочено кон деца, сениори, претставници на спортски клубови и здруженија со цел да ја мапираме нивната моментална општа вклученост во спортот, нивниот интерес за учество во програми кои опфаќаат повеќе генерации и нивната перспектива во однос на предизвиците и придобивките од меѓугенерациските спортови.

Нашиот напор беше насочен кон тоа како подобро да го разбереме нивното гледиште, да ги дефинираме потешкотиите и стравовите на секој еден поединец и да најдеме начин како да ги надминеме и да ги вклучиме целните групи во ваков вид активности.

Водич ACROSS

Водичот ACROSS обезбедува патоказ за сите организации кои сакаат да организираат меѓугенерациско учење и ги води низ секој чекор од спроведувањето на меѓугенерациските активности преку спортот.

Партнери

Име: Move It

Земја: Грција

Име: Libero

Земја: Србија

Име: Idea

Земја: Северна Македонија

Име: A.C. Panorama

Земја: Грција

Име: GroBasket

Земја: Србија

Име: S.C. Alex-Delfini

Земја: Северна Македонија

Вие го имате зборот!

Без разлика што можат да кажат зборовите…гласовите на вистинските луѓе се оние што ќе направат разлика!

Контакт

Проектот „ACROSS – Growing Young Through Sport“ е кофинансиран од Европската Унија.