За проектот

Нашата

главна

цел

Целта на проектот „ACROSS“ е да го промовира спортот како средство за меѓугенерациски дијалог и да го поттикне меѓугенерациско разбирање и доживотното учење преку спорт.

Луѓето можат да се поврзат преку спорт не само преку комуницирање и размена на зборови. Спортот и физичката активност придонесуваат за раздвижување на нашите тела и предизвикуваат физиолошки и емоционални одговори кои доколку се насочиме само кон вербална размена би останале неактивни. Така, спортот е идеален за поврзување на луѓе од различно потекло, култури или во овој случај возрасти. Овој дијалог е многу олеснет преку спортски активности, поради што им придаваме големо значење на спортските активности меѓу генерациите. Како што со право е наведено, меѓугенерациското учење е „партнерство за учење засновано на реципроцитет и заемност што вклучува луѓе од различни возрасти каде што генерациите работат заедно за да стекнат вештини, вредности и знаења“. Сега, кон ова, би можеле да додадеме уште спорт како компонента – забавен и пријатен метод за олеснување на дијалогот помеѓу различни возрасни групи.

 

 

Водичот ACROSS е унифициран водич за тоа како да се спроведат ефективни спортски активности меѓу генерациите – нешто што може да не одведе од чекор А-Ш. Ќе ве водиме полека низ секој чекор од процесот и низ различни сценарија за да можете да го најдете она што најдобро одговара на вас и на вашите учесници! Овој адаптиран водич ќе ви овозможи да ги следите методите чекор по чекор, за да се осигурате дека возрасните генерации се социјализирани и како такви ќе го поттикнат меѓугенерациското разбирање и доживотното учење преку спортот.

ЗА

НАШИОТ

ВОДИЧ

Ајде да го направиме ова патување заедно!

Проектот „ACROSS – Growing Young Through Sport“ е кофинансиран од Европската Унија.